Мотор удри во автомобил кај Мавровка – 2 тешко повредени


Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка.

Сообраѓајката била меѓу Моторцикл и патничко возило, објави приме тиме. Во незгодата, најмалку 2 лица се потешко повредени и пренесени во скопските клиники.

Информации за нивната здравствена состојба сеуште нема. Според очевидците на несреќниот настан, моторциклот со неприлагодена брзина поминал на црвено светло и удрил во патничкото возило, пишува приме тиме. Полицијата е на лице место, а сообраќајот се одвива отежнато. Увидот на МВР ќе покаже како точно дошло до оваа несреќа.

Фото – primetime.mk

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1