,,Ужасно ми беше додека ја гледав снимката. Ние со години знаеме какви зла се случуваа на северот на Косово, но сите молчеа. Тоа момче, на кого овој човек му го извадил срцето додека сеуште чукало може да е и мојот брат, сигурно е нечиј син, брат, на сите оние 512 исчезнати за кои сеуште не се знае ништо,, изјавила Милена Периќ за S-media
Братот на Милена исчезнал без трага на 25 јуни 1999 година. Со години семејството се обидува да дознае нешто, но попусто. Револтирана е што сите знаат, а молчат. Бара правда за сите исчезнати, за сите убиени. Оние кои тоа го правеле за пари, зверски – мора да се најдат и да одговараат, а не спокојно да си живеат, вели Милена.
“ Сите ние кои за жал преживеавме многу грозни работи на Косово и на кој некој им е убиен или повреден знаеме дека се тоа се случило и дека се што опиша е точно. Но и многу други знаат, а молчат. Мојот брат исчезна на 26 години, не знаме каде точно, или што се било со него – нема ни тело ни ништо, не знаеме ни дали е префрлен во Албанија. Тој и понатаму се води на листата на исчезнати, како сите 512 останати лица” изјавила Милена, додавајќи дека ништо друго не може да се очекува кога и после 13 години сеуште ништо не знаеме.
Милена смета дека сведокот е исто така жртва, принуден да го прави тоа,
,, и тој заштитен сведок е најдена жртва за да го направи тоа за оние кои од тоа правеле пари.,, изјавила Милена