Миленко Лукиќ од селото ,, Јабука,, чија куќа се наоѓа на 300 метри од границата со Црна Гора, се закани дека ќе го блокираат граничниот премин меѓу Србија и Црна Гора ако надлежните во Црна Гора не му дозволат да го користи слободно својот имот кој се протега и на страната на Црна Гора.
Лукиќ во Црна Гора има околу седумдесет проценти од ливадите, каде што му пасе добитокот, но често е предмет на обработка на црногорската полиција, која му бара пасош и за овците – односно дозвола да ги внесе на територија на Црна Гора.
Лукиќ и неговото семејство живеат од земјоделството и на нивните фарми има околу 200 овци, говеда, коњи.
“Јас во еден ден ја преминувам границата и по дваесет пати, си одам со овците на мојот имот. А тие постојано ми додеваат, полицајците ми бараат документи секој пат кога ќе преминам, ај на мене ама бараат и за овците.
Судот наредил тој дури и да плати парична казна од 130 евра, затоа што бил без лична карта а излегол од Црна Гора.