МУ РАСКИНАЛА, ПА НАПРАВИЛ ПЕКОЛ ОД НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ


Приказната што денеска ја објавија загрепските медиуми, започнала во 2010 година кога Македонецот и Хрватката се запознале преку „Фејсбук“, а кратко време потоа договориле средба во Црна Гора. Врската ја оддржувале со повремени средби: или девојката од Слуњ доаѓала во Македонија, или, пак, момчето одело во Хрватска. Минатата година, Хрватката одлучила да стави крај поради непомирливите разлики во карактерот. Тоа му го соопштила лично додека тој бил во Хрватска. Момчето утредента се вратило во Македонија и тргнало со одмазда. Најпрво, и праќал навредливи и заканувачки смс-пораки, пренесува Утрински весник.

„Ќе ме запамтиш, ќе ти го уништам угледот, ќе ти скршам главата од асфалт и тогаш ќе бидам мирен“, ги цитираат неговите навреди хрватските медиуми.majka-facebook-39550

Девојката ги игнорирала заканите, но момчето почнал да им се јавува на нејзините блиски, обвинувајќи ја дека е во лошо друштво и се проституира низ Карловац. Се пожалил дека е во финансиски минус и барал да му бидат вратени 750 евра колку што потрошил патувајќи во Хрватска. Доколку не му плати, и се заканувал дека нејзините работодавци ќе им прати фотографии и снимки со компромитирачка содржина – што на крајот и го направил. Освен тоа, приватните видеа ги постирал и на „Јутјуб“.

Поради страв и беспомошност, девојката го пријавила случајот во полиција. По истрагата, покренато е обвинение против Македонецот и се бара десетмесечна условна затворска казна.

„Во својата одбрана, момчето рекло дека одлуката за прекин на врската силно го потресла, поради што почнал да пие и оти веројатно во пијана состојба и ги праќал пораките. За детали не се сеќава. Вели дека му е жал“, пишуваат загрепските весници

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1