Jose Mourinho попладнево стигнал во Загред и ќе го проследи квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Хрватска
Португалскиот експерт околу 12 часот со приватен авион слетал на Плесо. Ги посетил хрватските репрезентативци и им посакал среќа на вечерашниот натпревар со Македонија.
Натпреварот ќе го проследи од максимирската ложа заедно со Давор Шукер и Дамир Врбановиќ. Хрватските медиуми пишуваат дека сигурно со големо внимание ќе го гледа настапот на Лука Модриќ.