Таблите на преименуваните училишта во Чаир си стојат. Единствено што е отстрането е бистата на македонскиот преродбеник Рајко Жинзифов,, пишува Дневник
Наместо да ги отстранат незаконски поставените нови табли на училиштата со имиња на Албанци, како што наложи Државниот просветен инспекторат, директорите и општинарите ги вадат сите обележја што потсетуваат дека училиштата носеле имиња на македонски херои.
Утре истекува рокот од 8 дена што инспекторатот им го даде на директорите за да ги вратат старите табли на училиштата во Чаир. Како што претходно беше најавено
ако директорите не ги отстранат таблите, ќе бидат казнети а ќе се поведе и прекршочна постапка пред судовите. Таблите пак ќе бидат отстранети со асистенција на полицијата.