На светскиот пазар, САД продава оружје како 16 Русии


Соединетите Американски Држави во 2011 година за трипати ја имаат зголемено продажбата на оружје на други земји, со што оствариле рекорден приход од 66,3 милијарди долари, се наведува во извештајот на Конгресот на службата за истражување.

Со тоа продажбата на оружје на САД, претставува поголема од две третини од меѓународниот пазар.
Втор светски продавач е Русија. „Големиот брат“ остварил значително помали приходи од продажбата на оружје, инкасирајќи 4,1 милијарди долари, што е за дури 16 пати помалку од пазарењето кое што го направило САД.
Вкупната продажба на оружје на пазарот значително е зголемена, достигнувајќи рекорден промет од 85,3 милијарди долари, што е најголема вредност од 2004 година, додека беше американската инвазија во Ирак.

„Ова секако го претставува врвот на глобалниот пазар на оружје. Но, Вашингтон и остатокот од меѓународната заедница мораат да го регулираат протекот на оружјето кон неодговорните режими, кои покажуваат незадоволителни податоци за почитувањето на човековите права и конфлитните региони како што се Блискиот исток и Африка“, изјавил Дерил Кимбал, директорот на Асоцијацијата за контрола на оружје.
Меѓутоа, најголемите американски клиенти, потекнуваат од наведените региони. Како што се наведува во извештајот на Конгресот на службата за истражување, „во фокусот на американските продавачи на оружје, првенствено се наоѓаат земјите во развој“.
Од друга страна Саудиска Арабија претходната година од Америка се „пазарела“ со воени авиони и хеликоптери во вредност од 33,4 милијарди долари, а по потрешена сума на пари втора е Индија и Обединетите Арапски Емирати.
Во извештајот се наведува дека и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се „од стратешко значење во американското воздржување кон Иран“, што само имплицира дека зголемената продажба на оружје на светскиот пазар, веројатно е мотивирано од преќутната расправа пред почетокот на војната со Иран.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1