Над 4,8 милиони млади инфицирани од ХИВ, две третини се девојки


Околу 4,8 милиони млади луѓе во светот,  на возрзаст помеѓу 15 и 24 години се инфицирани со ХИВ, а дури две третини од нив се жени, соопштено е на Меѓународната конференција за СИДА во Вашингтон.

 

Според заменикот на извршниот директор на УНИЦЕФ, Гета Рао Гупта, сексуалното насилство и сиромаштијатаво земјите во развој влијаат, девојчињата или тинејџерките да го напуштат училиштето и да водат неуреден живот кој носи сексуално преносливи болести.

Положбата на младите девојки во општеставата и нивната загрозеност повторно беа тема на разговор на конференцијата.

Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон изјави дека половата еднакавост е клучна заштита за жените и дека понежниот пол треба да има право на глас во сите современи земји.

Во сиромашните земји каде заразата брзо се шири, како на пример Африка, војниците секојдневно силуваат девојки, по што веднаш се инфицираат од ХИВ. Многу често се случува, откако некоја млада девојка ќе биде силувана, доколку е мажена, сопругот да ја остави.

Таков е случајот со Хелен Амуге од Уганда, која беше заразена од СИДА откако ја силуваа повеќе војници. Сопругот откако дозна дека е инфицирана, иако жената претрпела невидена траума, ја остави и неа и седумте деца.

Амуге изјави дека редовно зема лекови за да изгледа здраво, но и дека тоа ќе го прави се додека истите бесплатно ги даваат преку меѓународната програма за борба против СИДА. Таа истакна дека многу жени од нејзиното село, кои се заболени од оваа смртоносна болест или пак се инфицирани со ХИВ, мораат многу долго да патуваат до наблиската клиника како би се снабдиле со медикаменти.

Неименувана жена од Јужен Судан изјави дека мажите од нејзиниот крај одбиваат да се тестираат од ХИВ, а нивните многу млади, неедуцирани сопруги кои комплетно економски зависат од нив, немаат никаков глас ниту пак удел во одлуките  на сопрузите.

Дури и во САД расте бројот на инфицирани. Секој четврт носител на ХИВ е жена, а најзагрозени се Афроамериканките и Латиноамериканките.
На конференцијата е укажано дека на светот, најмногу внимание им се посветува на трудните жени заразени од ХИВ, затоа што една од главните цели на Обединетите Нации (ОН) е елиминација на пренесување на вирусот од мајката на детето.

„Бројот на бебиња родени со ХИВ за среќа е намален за 57 отсто,  затоа што со години наназад жените земаат антивирални лекови за време на бременоста и доењето“, соопштуваат од ОН.

Советничката за ХИВ при УНИЦЕФ, Чју Луо, сепак укажа дека е проблем што само неколку земји имаат програма за елиминација на пренесувањето на ХИВ од мајката на детето. Таа изјави дека многу често на мајките по породувањето им се влошува состојбата и умираат, по што бројот на сирачиња расте.

Гупта побара нови решенија кои ќе им помогнат на жените и девојките сами да се заштитат, посебно во средините каде женскиот глас е занемарен или воопшто не се слуша.
Во нешто повеќе од 30 години, од СИДА починале околу 30 милиони луѓе, ширум светот.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1