Наезда на змии, крлежи и комарци во Скопје


Високите летни температури во државата но и сувото време претставуваат плодна почва за инсектите кои може да бидат причинители за западно нилска треска, маларија и низа други инфективни болести.

priroda izlet krlez

Но не само комарците, високите темпрератури ги вратија и крлежите и змиите. Костовска апелира за внимателност особено во природа каде има високи треви и поголема опасност од каснувања од крлеж или змија.

Костовска вели дека локалните власти треба да посветат поголемо внимание на косење на високите треви особено во урбаните делови каде се движат голем број луѓе.

Триесетина кумановци, во последниве два месеци, побарале помош на инфективното одделение во Кумановската болница затоа што биле каснати од крлеж. Лекарите апелираат крлежите да не се вадат на своја рака, туку да се побара лекарска помош.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1