Колку пати до сега сте се запрашале: како сте настанале, зошто се раѓате и живеете, која е суштината на животот, зошто светот е онаков каков што го познаваме, зошто сме незадоволни, зошто страдаме? Колку одговори сте добиле до сега и дали сте задоволни со нив?
Доколку не го знаете одговорот на овие прашања тогаш прочитајте го текстот и ќе го дознаете вистинскиот пат.Живееме во свет кој е преполн со тајни и мистерии, многу од нас бараат одговори и сметаат дека тие се наоѓаат надвор од самите себе, или така барем ве учеле, одговорите се таму некаде, вистината е некаде надвор. Религиите нудат одговори низ одвоен божествен ентитет или ентитети, а науката ви дава парцијални одговори за механичкиот и материјалниот свет од кој вие сте само мали независни и свесни „делови“.
Најголемата тајна се крие токму во вас самите.
Според официјалните научни докази се смета дека човекот се раѓа како своевидна „табула раса“, празна плоча на која животните искуства и учењето полека го запишуваат „знаењето“ за својот вид Хомо сапиенс, без оглед што постојат многу научни докази дека тоа не е така, од многу студии кои се занимавале со реинкарнација и знаењата за претходните животи до необични вродени способности кои природно не требало да бидат „запишани“ во мозокот на детето. Голем број текстови со наслов „најголема тајна“ се занимаваат со внатрешниот универзум на човековиот ум и неговиот развој на начин на кој денешната психологија не е во состојба да ги забележи поради бројните заблуди за големиот број на состојби на свеста.
Со оглед на комплицираноста на темата и нејзиното објавување во голем број истражувања кои се во доменот на психологијата која исклучиво се занимава со моменталната состојба на човечката психа решивме да ви ги откриеме најдобрите трудови од областа на еволуцијата на човечката спиритуалност и познавањето на сопствената психологија низ делата на P.D.Ouspenky и G.I.Gurdjieff.
Овие двајца истражувачи од областа на метафизиката, психологијата и од друготе области на науката во потполност се заборавени и се фрлени на границата на постоењето иако нивните трудови имаат огромна вредност за сите кои го бараат патот на „спознавање и самоспознавање“.
P.D.Ouspenky одамна запишал „разделете го механичкото од свесното, погледнете и сфатете колку малку свесно има во нас, колку ретко делува нашата свест и колку е силен нагонот на механичкиот човек: механичко однесување, механичка намера, механички мисли, механички желби“.
Можеби овој цитат ви изгледа премногу радикален и смел и премногу груб, но вистината често е баш таква , директна и груба.
G.I.Gurdjieff. кој бил ментор и учител на P.D.Ouspenky сметал дека самоспознавањето може да не поведе кон раст и напредок. Ouspenky бил уште подиректен и тој сметал дека единствено со самоспознавањето можеме да се разбудиме од „будниот сон“.
Ouspenky дури објаснува кога кај нас се јавува желба за промени: „Дури тогаш кога сфаќам дека животот никаде не ме води, тогаш тој ист живот добива смисла“.
Најголема тајна сте вие самите бидејќи малку или ниту малку се познавате самите себе, ако не се познавате себе како ќе го запознаете светот околу вас.
Свесни сте за постоењето на археолошките чуда и напредните знаења за историскиот и праисторискиот човек, неговите неповторливи и неразјаснети стилови на градба кои до ден денеска стојат како пример на различни видови на луѓе кои во последните 10 – 15 илјади години граделе пирамиди, монолитни споменици, праисториски градови ширум целиот свет.
Науката постојано ги порекува цикличните падови и издигнувања на одамнешните високи цивилизации и смета дека човечкиот род се менувал од помалку развиено кон повеќе развиено и дека таквиот раст е линеарен и дека тоа е она што треба да стои во научните трудови.
Без разлика што говори и на што ве учи модерната наука јасно е дека спиритуалната и внатрешната еволуција на човекот е тема за која не се разговара во академските кругови.
Метафизичкото учиење на Ouspenky и Gurdjieff говори дека тоа всушност треба да биде основата на општеството, односно дека еволуцијата на човечкото битисување не е можно без вложување на напор и надворешна помош – „училишта“.
Според нив човекот на патот на неговиот развој мора да стане поинакво суштество кое мора да сфати во кој правец треба да стане поинаков и што „поинаков“ всушност значи.
И двајцата сметаат дека не можат сите луѓе да станат поинакви и развиени што би можело да се однесува на недостатокот на желба за развој од една страна, и со недостатокот на „душа“ од друга страна.
Еволуцијата на Хомо сапиенс зависи од начинот на разбирање што можете да добиете со промената и самоспознавањето и што треба да дадете за тоа, односно колку морате да излезете од зоната на комфорот и колку морате да издржите на патот на самоспознавањето и промената.
Човекот воопшто не се познава себе си, па дури и ако користи конвенционална психологија која не му ги дава одговорите што може да настане.
Не сте свесни за вашие ограничувања, ниту пак знаете колку се познавате и колку е голем делот за вас самите за кој ништо не знаете.
За Никола Тесла прашањето на промените било и прашање за опстанот исто како и разбирањето колку сме зависни од влијанијата надвор од нашето тело и ум.
За сите тројца спомнати метафизичари (Тесла ја истражувал метафизиката) лажната слика за способноста за независно делување е прво нешто со кое мораме да се соочиме на патот на спиритуалната и психолошката еволуција.
Втора работа со која мора да се соочите е вашето „Јас“ кое не е единствено, ниту пак постои само едно. Тоа постојано се менува и преминува од еден облик во друг, илузија за единственост на човечкото „Јас“ која создава чувства кои потекнуваат од физичкото тело на кое сите вие во денешното општество премногу се фокусирате, како и на се друго што е материјално околу вас и во вас.
Дури и кога на глас ќе кажете „Јас“ станува збор за минлива мисла, расположение и желба. Вие овие мисли и желби можете во потполност да ги заборавите за неколку минути, часа или денови, па дури можете за одредено време да изнесете целосно спротивни мислења и желби, што е уште еден доказ за непотполност на вашето „Јас“.
Веројатно се прашувате каков е овој развој за кој зборуваат метафизичарите и мистиците? Сигурно не ви е ни јасно што всушност значи да се стане поинаков и како и кога таквата промена започнува?
Почетокот на развојот не може да започне доколку се лажете себе или другите, ниту пак ако сте задоволни со она што во моментот сте, исто така не можете да започнете со развој доколку не сте подготвени да признаете дека не сте она што мислите дека сте, дека немате моќ, способности кои си ги препишувате себе си.
Најважно од се мора да сфатите дека нема независно делување, индивидуалност, постојано его и независна волја и свест.
Во човечкиот свет свеста многумина ја поистоветуваат со мозочна активност и интелигенција. Всушност свеста е независна од мозочната активност и би требало да означува сфаќање и знаење за тоа што сте вие, што знаете и не знаете, колкави се вашите граници и што треба да смените кај себе.
Според Ouspenky човечкото суштество невозможно е да ја развие свеста со набљудување на надворешните активности, исто така една од најважните работи кои треба да се сфатат е тоа колку пати сте биле несвесни за себе и колкав дел од животот поминувате во „автоматско“ живеење.
Моментите при најголема свест прават одблесок на сеќавањата за себе, колку е тоа тешко може да проверите со мал експеримент, пробајте да мислите на себе додека гледате во часовникот, поточно во стрелката која го покажува секундите, штом ќе почнете да размислувате за себе мислите ќе почнат да ви лутаат, ќе размислувате за работата, проблемите, фантазиите, забавата, и доколку се обидете да го повторите експериментот непосредно по првиот обид ќе ви биде уште потешко да се сконцентрирате на себе бидејќи мисловните процеси за се и сешто веќе започнале и тешко ќе запрат, но ако излезете од комфорната зона и почнете да го повторувате овој мал експеримент ќе забележите дека со текот на времето се повеќе ќе може да мислите за себе, ќе бидете по свесни за себе и тоа сеќавање за „себе“ ќе остане интензивно и живо, за разлика од другите сеќавања кога не сме биле свесни за себе.
Ouspenky смета дека можеме да бидеме свесни замо за една работа во одредено време, не можеме да бидеме свесни за себе и другите нешта, ниту можеме да се сетиме на повеќе работи или мисли одеднаш.
Модерната наука смета дека нашата свест нема препреки и дека целата е еднаква, но метафизичарите не се сложуваат со ова бидејќи свеста ја дефинираат одредени фактори. Колку долго сте свесни за себе? Колку често се прашувате – колку сте биле свесни? И нормално колку сте свесни дека ваквите прашања ве менуваат.
Во прастарата ортодоксна збирка за психолошки науки за самоспознавањето, под називот philokalie – различни писатели се сконцентрирале на можностите на еволуција на свеста со помош на посебни вежби и напори со кои учениците на оваа дисциплина ја зголемиле својата свест за себе и стекнале поголема контрола над неа.
Писателите на philokalie сметале дека со напорна работа може да се постигнат различни степени на свеста, а пак Ouspenky смета дека луѓето можат да достигнат четири состојби на свеста: сон, будност, самосвесност и објективна свест.
Според неговите заклучоци човекот живее само во две состојби, поголемиот дел од животот го поминува во сон, а само мал дел го поминува во будна состојба налик на сон бидејќи не се познава себе си ниту односите помеѓу себе и околината. Според овој метафизичар вие не можете да знаете ништо за објективната свест бидејќи таа е надвор од вашите можности за перцепција, додека пак состојбата на самосвест, нешто што сите вие си го припишувате сами на себе но сепак имате мала и ретка рефлексија на свеста за себе, која всушност не ја препознавате и која ретко ја памтите, а уште помалку размислувате за неа.
Колку памтите?
Навистина многу малку, на некои работи се сеќавате, на некои се сеќавате магловито, а на поголемиот дел од нештата знаете дека сте ги преживеале но воопшто не се сеќавате на нив, толку сте всушност свесни односно несвесни за себебидејќи не сте во состојба да запамтите ништо што правите кога не сте свесни за себе.
Како да останете што подолго свесни за себе, како да обезбедите будна состојба на свеста и како да ги контролирате речиси недостижните блесоци на свеста?
Првиот чекор би бил отстранување на препреките кои ве попречуваат да бидете „будни“, да бидете свесни за себе, а најголемата преепрека е вашето незнаење за себе и погрешните верувања за себе, а тоа е единствено што можете да го постигнете со самопроучување.
Ouspenky смета дека мора да се набљудувате како состав од многу движења и сложени делувања: мислење или интелект, чувства или емоции, инстинктивни функции или вкупна внатрешна работа на организмот, моторни функции или вкупна надворешна работа на организмот како што е движењето во просторот, секс.
Покрај овие функции Ouspenky ги наведува функциите кои се појавуваат во повисока состојба на свесност, а тоа се високи емоционални функции кои се јавуваат во состојба на самосвесност, потоа висока ментална функција која се појавува во состојба на објективна свест.
Но за нив ние за сега не можете ништо да знаете бидејќи од таквите состојби сте предалеку.