Во Грција освен јавната администрација се луксузирале и затворениците. Најголемиот затвор во Атина и цела Грција имал базен, водопад и скара на отворено.
Поради мерките за штедење министерството за правда вчера донело одлука и наредило итно да се отстрани базенот долг 7,4 метри кој се наоѓал во дворот на психијатриското одделение на затворот Коридалос во Атина. Немало да го отстранат, но откриле дека е изграден без дозвола и не ги исполнувал здраствените стандарди.
Се огласило и здружението на затворски чувари кое изјавило дека тие собрале пари за изградбата на базенот со цел на затворениците да се гледа како на човечки суштества а не како на броеви.
Базенот си имал и сопствен водопад, а околу него и голем отворен простор со апарати за правење скара.
Во Коридалос има 2.300 затвореници од кои 300 примаат некаква психијатриска помош.