Жена од Џорџија, вчера го прослави нејзиниот 116 –ти роденден, со што стана најстариот жител на светот.
Според Гинисовата книга на рекорди, оваа титула старицата Бессе Купер првично ја понела во јануари 2011 година, но за кратко време и беше “одземена“ од бразилката Марија Гомез која од неа беше постара 48 дена, но почина неколку месеци подоцна.
По нејзината смрт, Купер повторно стана најстариот жител на светот.
Таа во 1917 година тргнала за Џорџија во потрага по подобра заработувачка како учителка, инаку Купер потекнува од Тенеси.
Во Џорџија, го запознала својот сопруг, со кој во 1924 година се омажила и основала семејство кое го сочинувале и четири дечиња.
Покрај тоа што е една од елитните супер стогодишници на нашето време, во петокот на Бессе Купер и беше укажана особена чест, со тоа што нејзиното име ќе го носи еден локален мост. Политичари и официјални претставници на округот Волтон од Џорџија, присуствуваа на специјалната церемонија со сечење на лента, во чест на црковниот мост Нова Надеж кој беше отворен и именуван по учителката Купер, која децении претходно предавала во блиското училиште.
Во таа прилика, нејзиниот син Сидни изјавил: “со годините таа станува се поостроумна”.
Бессе ја откри нејзината тајна за долговечност за сите заинтересирани за фонтаната на младоста.
“Си ја гледам мојата работа”, рече Бессе. “И не јадам брза храна.”
Бессе е родена во 1896 година, истата година кога започнаа модерните олимписки игри. Други значајни настани од 1896 година ги вклучуваат приемот на Јута како 45 држава во САД, беше направена првата рентген снимка и Вилијам Мекинли го порази Вилијам Џенингс Брајан и стана претседател на САД.
Секој заинтересиран за оставање на роденденска честитка до Бессе може да го направи тоа на страницата на Фејсбук отворена во чест на нејзиниот 116-ти роденден.
Среќен Роденден Бессе Купер!