Шведски научници измислија нарквица која што може да спречи и да даде до знаење, кога сме премногу изложени на сонце и да ги намали ризиците од рак.
Направата им овозможува на луѓето да знаат кога се изложени на преголемо зрачење од ултра виолетовите зраци, со тоа што на екранот кој што доаѓа во пакетот со нараквицата ќе се промени бојата. Направата дејствува кога ќе се промени бојата од жолта во розова, како што ќе расте ултравиолетовата радиација.
Секоја нараквица има посебна боја која што можат да ја користат корисниците во зависност од нивната боја на кожа. Така на пример бојата многу побргу ќе се менува кај луѓето кои што имаат смеѓа коса и посветла кожа, за разлика од луѓето кои што имаат темна коса и потемна кожа. Технологијата е дело на Шведска комапнија, Интелег Технолоџис, основана од страна на Клаус Линдахл.
„Многу сме возбудени што успеавме да создадеме еден ваков продукт. Идејата потекна од професорите Ендрју Милс и др. Мишаел Мекфарлан. И двајцата го создадоа оргиналниот патент“, изјави Линдахл.
Нивната цена изнесува 10 евра и се лесно достапни, а по завршувањето на денот истите треба да се фрлат.