Наши иселеници во Канада сакаат да ја посвојат малата Надица


2 месечната Надица од која родителите се откажаа бидејќи е родена со проблеми со срцето, сакаат да ја посвојат наши иселеници во Канада, пушува Вечер.

Тие се понудиле и да ги покријат трошоците за лекувањето на бебето.

Двојката се по потекло од Скопје а веќе 20 години живеат во Канада, но не можат да имаат деца.

,,Сторијата навистина не потресе. Ние, за жал, не можеме да имаме деца, но од се срце би сакале да ја посвоиме малата Надица, на која би и овозможиле убав живот. Изјавиле за Вечер.

Трошоците за операцијата, веќе беше најавено дека ќе ги покрие државата, а малата Надица веројатно ќе биде оперирана идната недела во Бугарија.

,, Средствата за операција се обезбедени, но секако дека ќе стапиме во контакт со ова семејство кое има желба да го посвои бебето, изјавиле од Министерството. Центарот за социјални работи, разговарал со биолошките родители доколку тие се предомислат, Надица ќе им биде вратена, бидејќи тоа е во интерес на детето да биде со биолошките родители, но околку не сакаат детето ќе биде дадено на посвојување. Во меѓувреме за Надица се грижи социјален работник.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1