Доколку фејсбук ви се успори, тешко се полни или кочи – не е до вас и вашиот компјутер, до нив е. Како што јавува CNN фејсбук е во фаза на селење на сите свои корисници кон интернет конекција кон мрежата која била побезбедна, но поспора.
Според плановите сите пристапи кон фејсбук ќе се HTTPS, досега имаше по избор и ова но и HTTP ( нормална конекција). Оваа HTTPS конекција е побезбедна и се користи кога треба да се внесат информации од кредитна картичка или пасворд лозинка – ќе ја препознаете така што мала икона (lock icon) се појавува во броусерот.
Оваа конекција е поспора но Frederic Wolens од Фејсбук изјавил дека се обидуваат да сторат се што можат тоа да не е осетно. Дали сте на HTTPS или на HTTP можете да видите во browser прозорчето каде вкуцувате фејсбук – пример може да стои https://facebook.com.
Gmail, веќе одамна користи HTTPS за конекциите на своите корисници.