НЕАКТИВНИТЕ ФИРМИ ЌЕ КУРТУЛАТ ОД ФИРМАРИНА И ОД РАДИОДИФИЗУНА ТАКСА


Сопствениците на фирмите кои со години се неактивни, а фигурираат како правни субјекти во списокот на Централниот регистар на Република Македонија (ЦРРМ) и на кои во целиот период им се трупаат долгови врзани, пред с`, за фирмарина и за радиодифузна такса, ќе можат да здивнат бидејќи државата во веќе започнатите процедури ќе изврши нивно бришење, со што ќе се избришат и овие долгови. Но тие, како и оние што се водат за управители, во период од три години нема да можат да регистрираат нови фирми. Нормално, ова ќе важи доколку фирмите се навистина неактивни, односно ако од претходен период немаат акумулирани добивки од кои може да се наплатат долговите.

ujpБришењето на фирмите од идната година, пак, ќе се врши година за година кај сите фирми што во претходната немале активност. Па, така, списокот на оние што годинава нема да поднесат завршна сметка ќе биде испратен првин во Управата за јавни приходи (УЈП) на проверка дали навистина се работи за неактивни правни субјекти, по што ќе бидат избришани, а „казна“ ќе биде неможноста да се регистрира нова фирма во следниот тригодишен период.

Инаку, затворање фирма во нормална процедура може да се направи со поднесување стечајна постапка пред судовите, која е доста скапа или со постапка за ликвидација, која трае не повеќе од еден месец и чини 3.000 денари. Но, за да може ова да се направи, потребни се потврда од банка дека сметката не е блокирана и уверение од УЈП за платени даноци и придонеси. По ова, се врши објава за ликвидација, која трае 15 дена (за во меѓувреме да не се појави некој доверител) и потоа се оди на бришење на фирмата.

Но токму фактот дека е потребно фирмата да има сметка која не е блокирана е причина што огромен број неактивни фирми не можат тоа да го направат бидејќи сметките им се блокирани од УЈП за фирмарина или за радиодифузна такса. Овие трошоци на годишно ниво изнесуваат 150 евра.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1