Неколку избодени момчиња на пазарчето во „Ѓорче Петров“


Неколку лица избодени утрово по кавга која ја имале еден час претходно на пазарчето во Ѓорче Петров. Хоспитализирани се, едно момче во критична состојба.

22 годишниот А.Д. сакал да ја прескокне оградата од пазарчето, а лице од обезбедувањето на пазарот го спречило Р.А. и А.А. тарко и син, го подржале вработениот од обезбедувањето и започнала вербална расправија која подоцна прераснала во тепачка.

Само еден час подоцна, момчето се вратило пред дуќанот „Пантер мис“ заедно со своите браќа Е.Д.(21) и С.Д.(26) тие веднаш физички го нападнале Р.А. удирајќи го по целото тело со боксови и клоци. Во тепачката се вклучил и А.А. при што од страна на Р.А. и А.А. употребени се ножеви со кои им задале неколку убодни рани во пределот на телото на – А.Д. кој се здобил со три убодни рани во пределот на телото и истиот со Брза помош веднаш е однесен во Градска болница “8 –ми Септември“ каде од страна на лекар му е укажана помош и кај него се констатирани тешки телесни повреди. Тој е задржан за понатамошно лекување и е во критична состојба, стои во соопштението.

Неговиот брат Е.Д. во тепачката се здобил со пет убодни рани во пределот на телото и со Брза помош веднаш е однесен во Клиничкиот центар каде од страна на лекар му е укажана помош, констатирани се тешки телесни повреди, и се наоѓа во критична состојба, поради што е задржан за понатамошно лекување. Третиот од браќата, С.Д. се здобил со две убодни рани во пределот на телото, поради што со Брза помош веднаш е однесен во Државна болница каде од страна на лекар му е укажана помош и кај него се констатирани телесни повреди по што во текот на денот ќе биде пуштен на домашно лекување. Лицето А.А. побарало лекарска помош во Градска Болница “8 –ми Септември“.

На местото на настанот излезени се припадници на СВР Скопје, истражен судија и јавен обвинител, а увидот им е препуштен на ОКТ при СВР Скопје кои од лице место подигнаа траги, облека и друг предметен материјал кој е предаден за вештачење.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1