Кривична за интонирањето на албанската химна во Тетово


Јавното обвинителство започна истрага, а ќе се поднесат и кривични пријави за интонирањето на албанската химна во универзитетот во Тетово на првиот академски ден. Интонирање на химна на странска држава во државен универзитет кој се финансира со парите на македонските граѓани, е кривично дело и виновните ќе си сносат одговорност.

,, Од МВР ги побаравме сите видео материјали да ни бидат доставени, и да нè информираат кој е организатор на настанот. Предметот е отворен по член 319 од Кривичниот закон на Македонија, кој се однесува на предизвикување национална, верска и расна омраза – изјави за „Плусинфо“, јавниот обвинител Љупчо Шврговски.

Заменик-министерот за образование Сафет Незири тогаш изјави дека не станувало збор за провокација,туку дека албанската химна се интонира во универзитетот каде што студираат Албанци и предавања се вршат на Албански јазик. Овој потег ја изреволтира македонската јавност, посебно што македонската химна воопшто не беше интонирана.

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1