Холандската фондација „Марс Оне“ во септември имаше повеќе од 200.000 кандидатури за проектот- телевизиско ријалити шоу програма на црвената планета, со цел до 2025 година да се насели Марс без можност за враќање на Земјата.
Фондацијата, по испитувањето избрала 1.058 лица, меѓу кои 586 мажи и 472 жени, со просечна возраст од 35 години, а меѓу избраните нема ниту еден од Македонија.
Сара Дајректор е една од избраните – таа е дизајнер на ентериери од Филаделфија и се очекува до 2025 да биде еден од жителите на марс – и нема да се врати на земјата
Бев толку возбудена кога го видов маилот дека сум одбрана, скокав по собата и вриштев – изјавила Сибел Силверфиникс која исто така влезе во потесниот круг
На Марс оди и Брајан Хенсон – еден од сопствениците на козметичката компанија Тијарас од Ново Мексико.
Од „Марс Оне“ за сега издадоа само кратко соопштение за новиот, потесен круг.
„До 2015 година, меѓу шест и десет екипи со по четири лица ќе имаат подготовки за заминување“, соопшти фондацијата и додаде дека најпрво ќе ја испрати најдобро подготвената екипа која треба на лице место да пронајде извор на кислород, вода и да започне да одгледува храна.
Другата екипа ќе биде испратена во 2018 година.Целиот проект на фондацијата чини повеќе од шест милијарди долари.