До 1 октомври сите мора да се приклучат на парното греење на Топлификација ДУРИ И ОНИЕ КОИ што се исклучија од користењето парно, објавува ексклузивно весникот Вест.
Ако сакате да се исклучите, зависите од тоа колку стоите добро со комшиите – без нивна согласност нема да можете дома да си одлучувате сами за сопствениот дом ( комшиски сон). Сега мора комшијата да ви даде амин да го исклучите парното, ако ви е лут – тешко вас.
Ова стоело во Правилникот за условите за снабдување со топлинска енергија до кој редакцијата на „Вест“ дошла вчера и кој се очекува денеска да биде објавен и во “Службен весник”. Правилникот го подготвила Регулаторната комисија за енергетика.
Се поставува прашањето дали е ова уставна одлука – со оглед на фактот дека секое лице има право самиот да располага со својата приватна сопственост, а државата нема право да го тера на трошоци ( да плаќа на приватни фирми) монополски услуги.
Целта била да се одржи системот за греење во кондиција и да се намалат сметките на корисниците. Ако некој потоа сака да се исклучи, ќе мора да добие согласност од сите приклучени станари.
Според Правилникот, оваа обврска нема да важи за оние граѓани што живеат во згради што се целосно исклучени од системот за греење.
Оние, пак, што ќе добијат согласност од станарите да се исклучат, ќе треба месечно да плаќаат по 10 денари од квадратен метар или за 50 квадратни метри стан месечно 500 денари ќе плаќате за ништо.