Агенцијата за електронски комуникации наложи од 15 октомври 2012 година секој кој ќе купи број – пост пејд да приложи лична карта и да биде иднетификуван во системот како имател на бројот.
Директорот на АЕК, Роберт Орданоски, изјави дека секој продавач на СИМ картичка од кој било мобилен оператор ќе мора да побара од купувачот лична карта за да го евидентира матичниот број. Ова е со цел да се престане со малтретирањето на граѓани од наводни анонимни броеви или пак да се злоупотребуваат анонимните броеви за други злодела.
новина е што и корисниците кој се во погранична зона ќе мора да добиваат смс известување, а не како досега корисниците да се на територија на Македонија, а бидејќи нивниот телефон ,, уловил., странска мрежа да им се тарифира како да се во роаминг. Ако операторот не ве извести со СМС дека сте приклучени на странска мрежа, тогаш не сте должни да му платите за разговорите што сте ги воделе како да сте во роаминг. Доколку ви бараат можете да испратите поплака во АЕК.