Нема веќе пушење ни дома – Санта Моника забрани пушење во станови


Градот Санта Моника, близу Лос Анџелес донесе одлука со која се забранува пушење и во домовите. Ова се однесува на сите кои изнајмуваат апартмани или кои се вселуваат во нови.

Сопственици ќе мора и јасно и видливо да ги означат становите како пушачки или непушачки, а за тоа и ќе се наплаќа одредена провизија.

„Ако сопственикот на станот го означи како непушачки, пушењето во него ќе е забрането и за сите идни станари. Најпогодени се оние кои изнајмуваат станови, бидејќи одлуката дали ќе се пуши или не ќе ја носи сопственикот и тие немаат право на избор.

Jennifer Jones, жителка на Санта Моника за NBC News, вели

“ мислам дека е дрско тие да им кажуваат на луѓето дали да пушат во местото за кое плаќаат и живеат во него, тоа е нивен дом,,

Членот на градскиот совет Pam O’Connor вели ,, ќе се соочиме со тоа станарите да се иселуваат, можеби дури ќе се иселуваат и од градот, а тоа не е добро,,

Оние кои се ,, ЗА,, ова одлука велат дека е многу важно станарите да знаат дека купуваат чист стан, на пример. А оваа одлука е многу важна за оние кои си го чуваат здравјето,,

Adam Radinksy од здружението за потрошувачи тврди дека кај него доаѓале луѓе кои се жалат на проблеми со дишењето кои ги немале претходно, пред да добијат сосед пушач. Тој смета дека со ова ќе се допринесе за поголемо јавно здравје на жителите.

Но не е само Санта Моника, се очекува вакви мерки да преземат и Хантингтон Парк, Комптон, Пасадена.

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1