Немате работа? Се бараат косачки на трева во бикини, молзачи на змии, чекачи во ред


професионален свиркач, молзач на змии, чекач во ред, косачка во бикини, чистач на мастики – ова се само дел од чудните огласи за работа – тешко наоѓаат заинтересирани работници па доколку немате што да правите изволте – бирајте…

Ви здодеа работата и секој ден ви личи на претходниот, а со колегите на работа едвај разменувате неколку збора и едвај чекате да поминат  тие долги осум часа.

Сепак, може не ви е од голема утеха, но некои луѓе поминуваат многу полошо од вас. Чистачи на повраќаници или дегустатори на кучешка храна навистина имаат право да кажат дека не ми се допаѓа работата. Запознајте ги луѓето со најчудните професии во светот.

Професионален свиркач-

Ова е Стив Хербст, човек кој од дете сакал да свирка, па дури од тоа направил и кариера. Стив стана професионален свиркач а неговиот “инструмент” покрива значајни три октави, а свири неколку жанрови – класична музика, џез, блуз и поп. Неговиот талент бил откриен уште во основно училиште, и од тогаш трае неговото јавно настапување.

 

Чистач на повраќаници-

22-годишниот Рис Овенс работи во забавниот парк Торп, каде што има многу одговорна функција  – чистач на повраќаници. Овенс работи облечен во одело а носи и ракавици, заштитна маска и очила, бидејќи, како што тврди, не сака својата работа да ја носи дома. Во една година, посетителите на паркот Торп вкупно исфрлаат од себе околу 150 литри повраќаници.


Измислувач на пораки за „Fortune cookie“

Работата на пишувач на пораки за Fortune cookie воопшто не е тешко. Поточно, за пишување на животни мудрости потребни се само неколку зборови кои понекогаш повеќе потсетуваат на хаику поезија, отколку на добар совет или предупредување, а за оваа професија не постои старосна граница.

И платата не е за фрлање. За една порака, креативниот автор може да заработи и до 25 долари.

Косачи на трева во бикини –

Доколку сте на поминување во Арканзас, а сакате да потемните и да заработите некој долар, ова е идеална работа за вас.

Жените кои работат во фирмата “Tiger Time Lawn Careu ” направија оваа работа да стане особено популарна – косење трева во бикини. Сопственичката Ли Кети во 2007 започна со овој бизнис тврдејќи дека корисниците може да изберат меѓу обично косење на трева и бикини косење трева за која ќе треба да платат малку повеќе.

Се разбира, за оваа работа се вработваат девојки, иако понекогаш се најмуваат и мажи кои на себе имаат едвај едно парталче облека додека косат трева. .

Нуркач по топчиња за голф-

Среќен крај има и за топчињата кои наместо во дупка завршуваат во вода, затоа што за да се извадат се вработуваат професионални нуркачи кои им ги вадат топчињата на сите непрофесионални играчи. Овие нуркачи годишно заработуваат и повеќе од 100.000 долари, но оваа работа може да биде опасна.

Еден 75 годишен маж кој не сакал да се пензионира, се удави нуркајќи по топки. Пред 27 години неговиот син починал на истиот начин.

Дегустатот на храна за кучиња-

За оваа работа, ви треба добар стомак. И многу добра и квалитетна четка за заби. Храна за кучиња треба да биде здрава и вкусна, па затоа е неопходно да се провери исто како што се проверува и храната за луѓето.

Оваа работа е совршен за луѓето кои имаат развиено чувство за вкус. Оваа работа гарантира добар профит, но не и добар здив.

Чистачи на гуми за џвакање –

Верувале или не, постојат луѓе чија работа е да се отстранат гумите за џвакање.

Нивните најчести работни места се автобусите, трамваите и други форми на јавниот транспорт, но се вработуваат и за чистење во кино салите и стадионите.


Чувач на ред за некој друг

Оваа професија е широко распространета во Кина. За само 2 евра за еден час, можете да ангажирате “професионален” чувач на вашиот ред.

Иако звучи бизарно, оваа професија во оваа земја, секако, има смисла, затоа што во некои за да дојдете на ред за преглед може да чекате и до пет часа додека за регистрација за стамбено домување или за запишување на детето во градинка се чека континуирано и по неколку дена.

Посматрач на бои кои се сушат-

Ова е официјално најздодевната работа во светот. Компанијата “Aquatic Coatings” вработува луѓе гледаат колку долго и е потребно на нивната боја за да се исуши.  Платата не е воодушевувачка, но со оглед на фактот дека не прават речиси ништо, не е за фрлање.

На работа не смеете да носите весници, книги или било каков друг забавен материјал кој би ви го одземал вниманието од оваа важна задача.

Истискувач на отров од змија-

Во светот постојат повеќе од две илјади видови на змии, од кои околу 400 се отровни. За разлика од сличната, но многу помалку опасна работа – молзење крави, постојат луѓе кои го истискуваат отровот од змиите. Тие го вадат отровот кој подоцна се користи во производството на серум против змиски каснувања.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1