Нешто е гнило во младиот отворен театар !!


Нешто е гнило не во „државата Данска“, туку ВО НАС, луѓето, нас возрасните, нас первертираните, во нас кои некогаш сме биле деца, чисти како солза, како оние со кои ќе започне МОТ и неговата овогодишна приказна…


По малку излитена реплика на Шекспировиот Хамлет „Нешто е гнило…“ навестува, застрашува, предупредува, се сомнева, надминувајќи ги границите на политиката и интригантството и распространувајќи се на огромната територија на општо-човечки проблеми и дилеми кои токму денес најмногу го обременуваат светот.

Под мотото “Нешто е гнило”, триесет и седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар се отвора вечер (21 септември) со претставата „Пред ваши очи“ на белгиската трупа „Гоб Сквод и Кампо“.Во шесте фестивалски вечери (до 26.09) публиката ќе може да ужива во девет театарски продукции.

Екслузивни гости на МОТ годинава се и големото нордиско име на танцовиот тетар Јо Стромгрен со претставата „Граница“ како и култниот украински режисер Андреј Жолдак, добитник на награда на УНЕСКО за изведувачки уметности во 2004 година, кој ќе гостува со „Војцек“ од Бихнер.

Фестивалската програма ќе ја збогатат и Словенско младинско гледалиште со претставата „Мемфисто“, а ќе гостуваат и Арт и БИТЕФ театар од Србија со „Хипермнезија“ на Селма Спахиќ.
Во главната програма на фестивалот годинава се и три македонски продукции: „Змејовата невеста„ на прилепскиот тетар „Марко Цепенков“ во режија на Нела Витошевиќ, „Питачката опера“ на Албанскиот театар од Скопје во режија на Дино Мустафиќ и „Конфузија“ во режија на Билјана Радиновска, а во продукција на Универзитетот Евро Балкан и Локомотива.
Затворањето на фестивалот е резервирано за танцова трупа од Чешка, која ќе настапи со претставата „Недопирливите“.Годинава МОТ нуди и богата придружна програма – предавања, работилници, тренинзи и презентации. Меѓу нив е работилницата „Кратки резови“ на професорката Аида Буквиќ од Хрватска, а свои предавања ќе имаат и Стромгрен и Жолдак.
„Независниот тетар во Македонија и во регионот“ е тема на дебатата којашто ќе ја предводи Александер Опитц, врвен театарски експерт, актер и драматург од Германија.
За тоа како се раѓаше фестивалот и што тој донесе во изминативе 37 години ќе говори Љубиша Никодиновски – Биш, основоположник на МОТ за време на неговата работилница – „МОТ, ЗОШТО, ЗОШТО, КОЈ, КАКО – Ние одиме понатаму.“
Најголемиот дел од претставите се одржуваат во МКЦ, а дел во Универзалната сала, Драмски театар и во градското кино Милениум.
Билет за една претстава чини 300 денари, а блок билети за целиот фестивал се продаваат по цена од 1200 денари

Откршеното парче од познатата и веќе по малку излитена реплика на Шекспировиот Хамлет „Нешто е гнило…“ навестува, застрашува, предупредува, се сомнева, надминувајќи ги границите на политиката и интригантството и распространувајќи се на огромната територија на општо-човечки проблеми и дилеми кои токму денес најмногу го обременуваат светот. Нешто е гнило не во „државата Данска“, туку ВО НАС, луѓето, нас возрасните, нас первертираните, во нас кои некогаш сме биле деца, чисти како солза, како оние со кои ќе започне МОТ и неговата овогодишна приказна…

Ставена во хамлетовска позиција, публиката ќе може да ги одмотува димензиите на грдотијата на стареењето во скандалозно смелата „Пред ваши очи“, војната на териториите, на нациите, на емоциите во „Граница“, границите на човековата издржливост во светот на жестокоста, во политичкиот театар на „Војцек“, забранетата љубов во „Змејовата невеста“, неслободата на говорот или целосната ерозија на моралот во ангажираната „Питачка опера“, копнеењето по вистина или по промена во „КонФузија“, трагичното лице на историјата, една единствена, на луѓе кои се родиле во една држава, а живеат во три, во исповедната „Хипермнезија“, продажбата на душата на глобално и индивидуално ниво во претставата за политиката и театарот „Мефисто“, копнежите и бегството во светот на осаменоста во „Недопирливите“.

Горчливиот вкус на ГНИЛОТИЈАТА ВО ЧОВЕКОТ е она кое ќе остане кога ќе се погледнеме во огледалото на театарот, оној и онаков каков што го негува МОТ, смел, директен, суров и без влакно на јазикот, и кога ќе ја видиме вистината за тоа какви сме биле и во што сме се претвориле.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1