Не се ни виделе ќе се венчаат – имале врска преку интернет (Видео)


18 годишната Џесика живее во Бразил, а нејзиниот свршеник, 23 годишниот Кени е од Белгија. Заедно се од 2011 но никогаш не се виделе во живо. Во врска се преку интернет.

Се запознале преку сајт за учење јазици SharedTalk. И оттогаш постојано се на интернет преку веб камера.

Велат дека мнгу се сакаат. А за својата љубов говорат во детали на нивниот блог „Љубов оддалечена 9.000 километри“

Признаваат дека не е исто, бакнежите не се исти – но редовно си праќаат бакнеж за лека ноќ преку камерата.

Џесика дури и спие со вклучена камера за Кени кога ќе посака да ја гледа како спие. Некогаш разговараат и по 12 часа на ден.

толку сум вљубен во неа – ова е доказ дека далечината не е пречка со денешната технологија, а и се поевтини летови, вели Кени и затоа одлучил да ја запроси.

Направил снимка која ја чекала девојката кога ќе се разбуди. На снимката држи знак со испишано ,, омажи се за мене,, џесика вратила преку интересно видео – со помош на своите роднини и другарки фотографирала луѓе во нејзиниот град, продавачи, минувачи, секого кого сретнале – како држат лист на кој пишува  ,, Да Кени ќе се омажи за тебе,,

Кени купил авионска карта и ќе патува на 31 октомври за да ја запознае неговата свршеница. Ќе поминат заедно еден месец. Џесика вели сите ја поддржуваат нивната одлука – освен татко ми – тој ќе го убие Кени – вели низ шега Џесика.

Погледнете го видеото.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1