Ноќеска снег и блокада, денеска грч и нови неволји!


За ноќеска беше најавено дека ќе трупа снег, а тоа значи дека Македонија утрово ќе го дочека под висока снежна покрива. Проценките беа дека во Скопје ќе наврнат 25 сантиметри снег. Да биде состојбата полоша, поларниот студ од север би можело да дојде уште во текот на денешниот ден .

pat sneg

Foto – Mknews

Што презема кризниот штаб на владата, на чело со премиерот Никола Груевски? Тој пред околу половина час изјави дека се прават напори да се деблокира патниот правец Кичево – Охрид и за два ипол до три часа да се ослободат завеаните. Почнало и враќањето во Скопје на возилата заглавени на патот Скопје – Велес кај Катланово. Неизвесно е кога ќе бидат санирани дефектите во електричната мрежа поради кои без струја останаа Охрид, Струга, Ресен и други населени места во регионот.

Премиерот Груевски призна дека во текот на денешниот ден многу ученици ќе се соочат со проблеми да стасаат на училиште. Пред нас се практично уште два работни дена до распустот и нејасно е зошто владата уште синоќа не прогласи прекин на наставата во училиштата.

Од вторник се очекуваа поларни температури, кои ќе потраат до следниот викенд. Новогподишните празници ќе ги дочекаме во голем студ и со многу неволји. Кој не мора, никаде нека не патува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1