Нови раце за првиот американски војник, кој во Ирак ги загубил четирите екстремитети


Првиот американски војник, кој преживеа откако ги загуби сите четири екстремитети во војната во Ирак, веќе има нови раце, пишува весникот „Дејли телеграф“.

vojnik raceБрендон Мароко (26) тешко настрада во експлозија на бомба покрај патот на Велигден во 2009 година во Ирак. Тогаш тој ги загуви двете нозе под коленото и левата рака до лактот и десната над лактот.

По околу четири години Мароко има две нови раце благодарение на 13-часовната трансплантација.

Во првото интервју по операцијата Мароко вели дека се чувствува препородено и оти сака повторно да научи да вози автомобил.

– Човекот зборува со рацете, прави толку многу работи со рацете. Без раце човек се оддалечува од толку многу работи, рече поранешниот војник.

Веста за пронаоѓањето на донатори за раце Брендон ја добил на 16 декември по четиригодишното чекање и по помалку од два месеци откако неговиот дом во Њујорк бил поплавен по налетот на ураганот Сенди.

Операцијата е извршена во болницата „Џон Хопкинс“ во Балтимор. За хирурзите во оваа болница тоа била седмата двојна трансплантација на раце.

За време на операцијата, која била извршена на 18 декември, специјалистите му ги поврзале коските, крвните садови, нервите, мускулите и жилите и на двете раце. Лекарите валт дека е потребно да поминат можеби две до три години пред Брендон да почне целосно да ги користи своите нови раце. ац/11:40

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1