Во системот на подземната железница навлегла голема количина вода. Според претседателот на МТА Joseph J.Lhota иако метрото во Њујорк е старо 108 години никогаш не бил соочен со ваквов ужас и штета како од ураганот Сенди денеска.
Уништени се кабли за напојување, поплавени тунели, има паднати дрва на шините. 7 тунели на метрото се поплавени под East River, тунелот Hugh L. Carey е полн вода од едниот до другиот крај, а исто така и Queens Midtown тунелот.
6 гаражи со автобуси се блокирани од вода и огромна количина на шунд што го донела водата.
Никој не може да прогнозира кога јавниот превоз ќе биде нормализиран. Во зоната која е под удар на стихијата, без електрична енергија остана повеќе од 2,2 милиони луѓе. Далноводите се уриваат од ветрот и од скршените дрвја. ВИДЕО Бруклин под вода.
Во текот на ноќта дошло и до експлозија во трафостаница на фабриката за електрична енергија Con Ed по што цел менхетен остана во мрак.
Според ројтерс 19 работници се се уште заробени во фабриката по експлозијата.
без струја останала и една болница во овој дел на градот чии генератори за струја откажале. повеќе од 200 пациенти меѓу кои 50 критично кои биле на апарати за одржување во живот биле итно евакуирани и пренесени во друга болница.
Во службата за итна помош огромен број на пријави за пожари.
Според досегашните информации 12 луѓе загинале. Некои од нив од откорнати дрва кои паднале на нив. Њујорк отсечен и со авионските линии Досега воздухопловните компании соопштија за 12 илјади откажани летови, јавниот сообраќај на источниот брег е целосно запрен
Штетите од бурите првично се предвидуваат на 10 до 20 милијарди долари. Доколку се покажат точни овие процени, Сенди ќе стане една од „најскапите” природни катастрофи во американската историја.„
На патот кон копното Сенди ќе се спои со студениот фронт од западот и ќе се претвори во супербура, монструозен хибрид од тропска и зимска бура, којашто со себе носи голем врнежи од дожд и од снег.
Најголем страв се сега 26 те нуклеарни централи кои се на патот на Сенди. Нуклеарката во Њу Џерски веќе прогласи алармантна состојба. Водата надошла во количини над дозволеното.