Обама заплака за убиените дечиња – знамињата на половина копје во САД (Видео)


obama placeАмериканскиот претседател Барак Обама ги бришеше солзите и едвај се држеше за време на говорот поради денешниот масакр во основното школо во Конетикат, ветувајќи дека државата во иднина ќе спроведе значајни акции со цел да се спречат ваквите трагедии.
Голем број на деца загинаа денеска. Преубави мали деца меѓу пет и десет години“, изјави Обама додавајќи дека пред нив бил целиот живот, родендени, дипломирања, венчавања, добивање деца.

Обама потоа прекина да говори на неколку секунди, тешко дишеше, бришејќи ги солзите во просторијата за брифинг во Белата Куќа, по повод убиствот о на најмалку 27 луѓе, од кои 18 биле деца.

zname usa„Меѓу жртвите имаше и наставници, жени и мажи, кои своите животи ги посветија на помагање за нашите деца да ги исполнат своите соништа“, изјавил Обама.
„Нашите срца се скршени денеска, скршени се на родителите, бабите, дедовците, сестрите, браќата на овие деца како и семејствата на оние кои се убиени“, изјави Обама додавајќи дека Америка како земја низ ова поминала неколку пати, како масакрите во Колорадо, Орегон и Висконсин.

„Овие комшии се наши комшии, тие деца се наши деца“, истакна американскиот претседател.

Обама вети преземање на значајни акции, за да спречи трагедија како оваа.
Американските медиуми, цитирајќи ја полицијата ека напаѓачот е 24 годишниот Рајан Ланза.

27 убиени – 18 деца во Конетикат (Видео)

24 год син на наставничка е убиецот на децата во Конетикат – Обама заплака (Видео)

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1