Обама – Жената мачка ми е омилен дел од Бетмен!


И политичарите се „обични луѓе“, колку побрзо го разберат тоа толку подобро. Додуша поединци и покрај силната моќ во нивните раце се повеќе покажуваат човечки особини, веројатно научиле, народот го сака тоа.

На пример  Путин и Обама без никаков комплекс си седнаа во „fast food“ ресторан, рускиот премиер го видовме на фудбалски натпревар со нашиот „волк“ Ленин.  И најново Обама го коментира  новото продолжение на филмот „Бетмен“. Нормално освен тоа што е претседател на една од најмоќните земји во светот тој е и маж, па вели најсилен впечаток му оставила жената мачка. Ен Хатевеј е спектакуларна изјави Обама, додавајќи дека токму таа му била омилен дел од филмот.
– Го гледав Бетмен и најдобриот дел од филмот е жената мачка, тоа е моето мислење, изјави претседателот на САД.
Ен Хатавеј  доби голем број позитивни критики за улогата во филмот, всушност дел од критичарите велат дека токму таа ќе биде заслужна за евентуалното номинирање на филмот за Оскар. Оттука воопшто не е чудно да се сака „жената мачка“ но вистинско освежување е кога „досадните“ функционери ќе излезат од сивилото на политиката и ќе признаат дека од време на време успеваат да најдат време да јадат, да слушаат музика, да изгледаат некој филм.

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1