Облекол 70 парчиња облека само да не плати за уште еден куфер


Еден патник кој полетувал од аеродром во кинескиот град Guangzhou, а патувал за Кенија, облекол вкупно 70 парчиња облека, само за да не плати повеќе за вишокот багаж кој го носел со себе.

kuferiСпоред локалните медиуми, на себе облекол 60 кошули и маици и девет пара пантолони. Предпставувате како изгледал – како сумо борач кој навистина тешко се движи.

Но, тоа не било крај за неговите маки, заборавил да извади се од џебовите на најдолните пантолони, па поминувајќи низ детекторот за метал, тој почнал да свири.

Ова значело дека сега треба да соблече се од себе, за да ги испразни џебовите, во кои имал батерии и пренослива меморија.

Колку ли време траело неговото соблекување и облекување, зарем не го испуштил авионот?

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1