Пожарот кој избувна пладнево во близина на скопската рафинерија на нафта „Окта“ е локализиран и изгаснат.
Со помош на канадерите, огнената стихија конечно стивна. Пожарот стигнал до непосредна близина на рафинеријата поради ветерот и исклучително топлото време, но ситуацијата е ставена по контрола.
Пожарот кај селото Гургурница е сеуште активен. Пожарникарите и мештаните активно се вклучени во гасењето, а таму се пратени и авиони од ДЗС. Најверојатно до крајот на денот пожарот ќе биде ставен под контрола..