Од чистачка до министер – Ветингот во МВР ќе ги чешла сите


Реформите во македонската полиција продолжуваат со забрзано темпо, со цел полицијата да биде 100% професионален сервис на граѓаните.

Уште на стартот на 2019-та треба да започне со функција надворешниот механизам за контрола на македонската полиција, информира државната МИА.

Веќе е воспоставено такво одделение во Обвинителството за организиран криминал.

Инаку ветингот во МВР се најавува веќе одреден период, сепак можно е да се спроведе во целост следната година, бидејќи за тоа потребно е прво да се изготви законско решение.

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој во изјава за МИА, вели дека се работи сериозен процес кој треба да заврши добро за институцијата, но и процес кој ќе наиде на голем број препреки и одвнатре и однадвор.

– Нема да биде едноставен и лесен и мора да се води транспарентно, додал Спасовски за МИА.

Инаку Ветингот ќе се врши по три основи – персонално досие, имотна состојба и критеруми. Ќе се формираат комисии кои ќе работат на ветингот, а ќе има и една надворешна комисија со експерти. На ветингот ќе бидат подложени сите – од чистачка до министер, најави министерот Спасовски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1