Од таму шутирајте колку сакате… Ау ау ау… Ангола за 3


Македонија поразена!!! Ангола го направи првото изненадување на квалификацискиот турнир за Лондон.

88-84 за Ангола. Секоја чест на противниците. Озбилно од првиот момент. Неверојатен шут за три поени во првото полувреме. Сиприано и Мораиш речиси непогрешливи во првите 20 минути и водство на Ангола на полувремето од 53-40. Примивме 53 поени за едно полувреме?!?!? Најцврстата одбрана на Европското првентво во Литванија. Остануваат прашалници како и зошто. Во бунило сме. Дали премногу лабаво ја сфативме работата? Дали го потценивме противникот? Само на моменти се виде дека имаме повеќе квалитет, но дека нешто не е во ред вечерва.

Второто полувреме беше малку поинаква приказна. Анголците почнаа повторно добро, зголемија на плус 17, но следуваше серија на нашите од 9-0. На момент помисливме дека фативме ритам, но Африканците се совземаа. Ја топевме полека големата предност, но и времето минуваше. Стигнавме до минус 4 на една и пол минута. Напад за нас, Антиќ имаше чиста позиција за 3, но топката не влезе. Отидовме во пенал завршница, дозволивме и неколку офанзивни скокови за Ангола и времето измина. Шут за три од извонредни 45% (на полувремеме беше околу 70%) за Ангола и тажна ноќ за македонската кошарка. Конечниот резултат е 88-84 за противникот.

Мингас најефикасен кај победниците со 24 и одлично второ полувреме. Сиприано кој блескаше во првите 20 минути заврши со 23, а Мораеш со 18.

Во нашата селекција најдобар Мекејлеб со 21. Антиќ имаше 17, а Илиевски, Самарџиски и Војдан Стојановски забележаа по 12 поени.

Малку е нејасно зошто не го користевме повеќе нашиот центар Самарџиски, а беше доминантен со својата висина по кошот. Но, како и да е… Не се откажуваме, навиваме за Македонија…Одиме по потешкиот пат… Зошто едноставно, кога може сложено… Утре во 20 часот…Македонија-Нов Зеланд… Напред Македонија…

Tags: , , , , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1