Додека Грција бара помош за спас од должничката криза, илјадници запленети луксузни возила скапуваат на паркинзите и складовите низ целата земја.
Автобуси, автомобили и мотоцикли од соништата, до неодамна биле во надлежност на сега затворената владина служба, (Организација за управување со јавниот имот).
Најчесто овие возила биле продавани на аукции, сега се чини ( намерно или ненамерно ) никој не е надлежен за нив. Организацијата формирана во 1946 година одржувала аукции за најразновидна роба, меѓудругото и за луксузни автомобили, запленети од криминалци.
Најчестите посетители на ваквите настани биле политичарите и јавните службеници.
Ширум земјата „лежат“илјадници луксузни автомобили, мотоцикли и слот машини, кои и тоа како ги доведуваат во искушение и најчесните граѓани, па многу владини службеници се префрлени во секторот за обезбедување ( заедно со посебно обучени кучиња го чуваат овој државен имот).