Ограбена пошта во Шутка


Филијалата на „Македонски Пошти“ останала полесна за 80 илјади денари откако вооружен разбојник влегол и ја „опљачкал“.

Разбојништвото се случило вчера во 13 и 30 часот. Разбојникот го вперил пиштолот кон вработената Д.Н.К и и се заканил дека без размислување ќе пука доколку му се спротивстави и не му ги даде парите.

Откако разбојникот ги зел парите избегал во за сега непознат правец, а полицијата започна потрага.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1