Охридските туристки, луди по кучето Дедл


Сите го гушкаат, му се насмевнуваа искрено, се  фотографираат со него, и иако е главна атракција, неговиот газда, горд на својот миленик, им го отстапува на сите, и тоа без пари.

Ако шетате по Кејот на Охридското езеро и ако имате среќа да налетата на кучето Дедл, ќе ви се разнежни душичката. Овој убавец од куче, сорта руски териер, штом се појави веднаш ги шармира случајните минувачки. Сите го гушкаат, му се насмевнуваа искрено, се  фотографираат со него, и иако е главна атракција, неговиот газда, горд на својот миленик, им го отстапува на сите, и тоа без пари.
Многумина му велат- ти можеш цело богатство да спечалиш на ова куче, но за него има друга вредност и не го гледа преку пари.

Кучето има четири години, се храни само со кучешка храна. На времето го купил од Белград за 800 евра, и сега се што сака е да му најде соодветна невеста, да му се продолжи родот.
Дедл е многу мил, насмеан, кроток и добронамерен со сите, нема никаква агресивност во него, не знае да лавне, ама не се дели од газдата. И да го повлечете за ланец кон вас, тој кришум ќе ве избегне и ќе се доближи до својот сопственик. И водителката Ирена Спировска, која викендот со ќеркичката Зорица и пријателката Јована Грозданоска го минува во Охрид, не му одолеа, а да не се фотографира со овој прекрасен црномурен убавец.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1