За музеjот на Тесла за неколку дена се собраа 700.000 долари!


Неодамна почнатата кампања “Да се изгради веќе еднаш музејот за Тесла”, за само неколку дена собера над 700.000 долари за реконструкција и реновирање на музејот во Њујорк, каде што работел генијот од Смиљане.

Акцијата за научниот центар го смисли стрип порталот The Oatmeal, чија цел е да се соберат барем 850.000. Имено, просторот кој Тесла планирал да го искористи за да изгради кула која ќе служи како комуникациски центар во кој ја тестирал можноста за безжичен пренос на струја се продава за 1,6 милиони долари.  Доколку организаторите на кампањата успеат да обезбедат половина, остатокот од парите потребни за купување ќе им ги даде државата Њујорк.

Откако во Њујорк формирал своја компанија, Тесла во 1901 година во Шорехам купил земјиште со површина од 81 хектар и на неа изградил лабораторија и кула висока 57 метри. За жал, тој никогаш не успеал да ги тестира своите теории, а во  1904 година еден од главните инвеститори Ј.П Морган ги запрел финансирањето на проектот. Тесла паднал во долгови, а кулата била урната во 1917 година. Некои историчари сметаат дека неуспехот на проектот, но и пожарот во лабораторијата во 1895 година била причина да ги изгуби речиси целата опрема, белешките и скиците кои придонеле Тесла да добие нервен слом и депресија.

Откако имотот е пуштен на продажба покрај тоа што се заинтересирале голем број фанови на познатиот научник се заинтересирале и локални градежни  компании кои сакаат на тоа место да изградат населба. Дали ќе се соберат пари и ќе победат фановите на Тесла, останува да видиме наредните неколку месеци.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1