Речиси 8 години живее во далечната Јапонија. Во последните три години нема пропуштено премиера на филм во Токио. Постојано е на црвениот килим, каде што се среќава и разговара со славните светски актери и режисери.
Охриѓанецот Адријан Битрак првпат заигра на големото платно и тоа како дел од тимот на филмот „Патлабор“ на еден од највлијателните режисери на јапонски аниме и акциони филмови, Оши Мамору.
Битрак игра војник на Обединетите нации, а премиерата е закажана за 5 април.
На црвениот тепих запознал многу актери и ѕвезди. Најголем впечаток му оставил Том Kруз.
– Паметам кога Џад Ло беше на црвениот килим. Имаше девојки покрај мене, кои паѓаа во несвест, не можеа ни воздух да земат, а јас со него разговарав како другар. Дури испрати и поздрав до Македонија Но средбата и разговорот со Том Kруз ми е една од најголемите остварени желби – раскажува Битрак.
Меѓу последните премиери на кои Битрак бил на црвениот килим била „Волкот од Волстрит“.
– Премиерата беше од затворен круг, имаше околу 50 гости. Иако бев до Леонардо ди Kаприо, тешко беше да се разговара со него. Имаше голема еуфорија, а имав желба да го прашам за Македонија. Се надевам дека ќе имам шанса во наредна пригода – вели охриѓанецот
Повеќе фото и инфо на – dnevnik.mk