Отишол во полиција да го пријави градоначалникот – полицаецот го претепал


Жител на штипското село Козјак бил претепан од полицаец, кога отишол во полиција за да го пријави градоначалникот на Карбинци дека физички го малтертирал, информира МВР. Полицаецот е пред отказ.

На 19 јануари околу 18,15 часот во полициската станица во Штип, Х.Г. од  штипското село Козјак, дошол да проднесе пријава против градоначалникот на Карбинци, В.Б. дека физички го малтретирал.

mvrПолицаецот Т.Д. спротивно на законските овластувања го повикал Х.Г. во неговата канцеларија, а таму веќе седел, градоначалник на општина Карбинци и Љ.А. директор на фирмата „Дрво Декор“.
Во еден момент другите припадници на МВР во станицата слушнале како Х.Г. моли за помош. Полицајците се обиделе да влезат во просторијата, но биле спречени, бидејќи некој од внатре ја туркал вратата.

Откако го известиле командирот на станицата дека се спречени, тој наредил да се интервенира и Х.Г. бил извлечен од порсторијата.
Х.Г. изјавил дека од страна на полицискиот службеник Т.Д. и од лицето Љ.А. бил тепан со удари со нозете по телото со цел да ја повлече веќе поднесената пријава за физички напад против градоначалникот на Карбинци В.Б.
Против Љ.А. и полицискиот службеник Т.Д., МВР поднесена е  кривична пријава за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Случајот е пријавен и во Секоторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, на полицаецот му се заканува отказ, две дисчиплински постапки води Внатрешна контрола против него една затоа што го претепал човекот и втората оти не му помогнал кога Љ.А. физички го малтретирал.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1