Тие сметаат дека овие пајаци еволуирале во пештерите и дека станува збор за припадници од засега неоткриена фамилија пајаци, која ја нарекле Троглораптор.
Највоочлива карактеристика на овој вид се големите канџи на краевите од нозете.
– Овој пајак е навистина голем. Има исакнати канџи кои личат на куки. Мислиме дека најмногу ги користи за фаќање на пленот. Овој вид живее во пештери. Се уште не сме виделе како ловат и јадат, изјавува професор Чарлс Грисволд од одделението за арагнологија на Академијата на науките во Калифорнија.
Тој додал и дека се уште треба да се истражува животот на овој вид и дека треба да се очекуваат уште поинтересни откритија поврзани со овој вид.