Два големи британски синџири на супермаркети “Теско” и “Aсда” продавале обичните вода од чешма, која самите ја флаширале.
Овие ПЕТ шишиња се на полиците до минералните води, како што се “Евијан” и “перие”, многу е поефтина од нив но сепак така ги измамиле купувачите бидејки никаде на декларацијата не пишува дека тоа е обична вода од чешма, објави Daily Mail.
Двете компании првично негираа, но откако веста се појави и во медиумите на признаа дека продаваат флаширана вода наполнета од чешма. Сепак тврдат дека нивната вода не треба да се нарекува вода од чешма затоа што претходно поминала низ процес на филтрација во кои го отстраниле хлорот.
“Теско” водата чини за две-литарски шишиња 17 пени, литар вода од чешма во Британија чини една третина пени, што значи дека по обработката и флаширањето оваа ,,чешмовача,, се продавала 25 пати поскапо.
Експертите се надеваат дека купувачите конечно ќе почнат да и веруваат на водата од чешма, така ем ќе заштедат, ем се сигурни во квалитетот бидејќи сега се ригорозни проверките за градската вода.