Откриена возраста на момчињата кои го запалија македонското знаме?



Иако се уште не е познат идентитетот на момчињата кои вчера вечер го запалија македонскотот знаме, од полицијата денеска излегоа со информација дека трагаат по две момчиња на возраст од 17 до 20 години.

Тие вчера вечер  околу 22 часот користејќи ги јажињата за подигнување и спуштање на знамињата на Општина Чаир, ги спуштиле и македонското и албанското знаме кои биле закачени заедно, а го запалиле само македонското. Ова не е прв пат оваа година да се пали македонското знаме. Во јануари годинава стружанецот Минир Исмаили го запали македонското знаме пред општинската зграда во Струга. Тој е осуден на казна затвор од пет месеци поради предизвикување расна и етничка омраза.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1