Ова е првата потврдена фотографија од осомничениот James Holmes кој влегол во кино на премиерата на најновиот Бетмен – отворил рафален оган и уби 12, а рани 50 луѓе во Колорадо.
24 годишното момче бил студент по медицина, пред дипломирање, а фотографијата која ја потврди и полицијата е од ,,University of Colorado Denver,, Осомничениот имал 4 оружја со себе. Два пиштола и две пушки, а употребил и канта со бензин која ја запалил. Половина од присутните во првиот момент кога чуле пукотници мислеле дека се работи за ефекти од филмот. 50 повредени со прострелни рани се пренесени и згрижени во болниците низ градот.
Во продолжение и видео снимката од 911 во моментот на пукањето во киното во Колорадо.