Оваа технологија целосно ќе ја уништи приватноста на луѓето



Што сте јаделе, дали имате новчаник во вас па дури и тоа дали имате недозволени супстанции во урината е најновиот изум на Американците кои измислиле нови скенери кои без знаење на луѓето ќе им ги дадат овие податоци на цариниците. 

Како што пренесува весникот „Гардијан“ оваа технологија на Одделот за безбедност треба да се инсталира на сите аеродроми и гранични премини во САД, а направена е за да се откријат експлозиви и хемиско и биолошко оружје од голема оддалеченост.
Тоа што ги загрижува луѓето не е тоа што овој скенер може да открие остатоци од дрога на банкнотите, мали количини на барут на облеката и останати опасни супстанции, туку скенерот ќе препознава и што јаделе луѓето пред да отидат на аеродром или на граница и тоа се без знаење на патниците.  Овој ласерски скенер првично бил развиен за медицински цели односно за следење на клетките на ракот во крвта, но според „Гардијан“ компанијата која го измислила ќе заработи многу повеќе ако скенерот се користи за следење наместо за лекување.
Својата прва примена ќе биде на аеродромот во Њујорк, а потоа се планира да се применува и во полициските автомобили за да се лоцираат луѓе кои во себе носат дрога или експлозиви.
Се очекува дека за две години овој скенер ќе предизвика големо незадоволство меѓу луѓето кои нема да сакаат без нивна дозвола да им се скенираат содржината на желудникот, паричникот и супстанциите во урината.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1