Токсинот кој го испушта пајакот од Бразил, Пхонеутрија Нигривентер, е во состојба да се избори со проблемот еректилна дисфункција за 20 минути од влегувањето во организмот.
Тестовите кои се се направени на глувци покажале дека отровот го зголемува испуштањето на хемикалии, кои ги прошируваат крвните садови на начин сличен со оној на кој делуваат лековите за потенција..
Од друга страна иако лековите како што е вијаграта која што на некој начин го решава проблемот со ерекцијата, во последните десет години речиси 30 % од мажите кој ја користат не гледаат никакв бенефит.
За овие мажи едно од решенијата е вбризгување на лекот дирекно во пенисот или вградување на пумпа која го зголемува дотокот на крв во органите, но за поголем број ова не е решение на проблемот.
Истражувачите во Бразил се заинтересирале за едно пајаче откако се јавил случај кој откако бил каснат од пајакот и кој потоа имал значајни промени во неговиот сексуален живот – на подобро.