Пак поскапе БЕНЗИНОТ – за два, а дизелот за три денари


 

Ново поскапување на горивата. Од ноќеска на полноќ, цената на бензинот ќе се зголеми за два денари, а дизелот ќе биде поскап за три денари по литар.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) новиот бран поскапувања го објаснува со растот на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар за 5,3 проценти, во изминатите две седмици.

Од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 82,50 денари за литар, а едно литро ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  ќе чини 71,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 60 денари за литар.

За 2,559 денари се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 45,019 денари за килограм.

Цената на  рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати порасна во просек за 5,49, односно за 4,25 отсто.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1