Парична казна за докторката од Ѓорче


Докторката Ксенија Мојсовска која беше дежурна кога пред поликлиниката во Ѓорче Петров почина човек без да му биде укажана лекарска помош доби парична казна 20 насто од плата во рок од три месеци.

Мерката ја изрече директорот на Здравствениот дом на Скопје.

,,ЈЗУ Здравствен  дом-Скопје му изразува длабоко сочувство на семејството на починатиот пациент. Секој доктор на медицина, од морални, етички и професионални причини требало да излезе во критичниот момент и сама да изврши проценка за оддалеченоста на настанот и за можностите за укажување итна медицинска помош врз пациентот Петар Николовски од нејзина страна или од страна на службата за Итна медицинска помош,, се вели во соопштението, пренесува прес24.

Oваа мерка е донесена поради поведувањето на дисциплинската постапка против лекарката.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1