Пет месеци живее без срце


Јакуб Халик е единствен човек на планетата Земја кој 5 месеци живее без срце. 

37-годишниот пожарникар од Чешка дише преку специјална пумпа, и веќе е влезен во експерименталната програма во која ќе добие шанса за ново срце, тврдат од Институт за клиничка и експериментална медицина (IKEM) од Прага.

Лекарите во април морале да му го  отстранат целото срце, затоа што тоа почнал да го зафаќа малиген и високо агресивен тумор, па го приклучиле на две специјални пумпи кои го одржуваат во живот.

Овие пумпи се користат во кардиологија, но само еднострано за да ја замени работата на едната срцева комора. Првиот пациент на кого му се вгради пумпа за срце почина само по две недели, а Халик живее веќе 5 месеци и чека соодветно срце.


Најтешко е да се прилагоди пумпата. Секој ден може да се појави некоја компликација или емболија. Во Чешката Република, во просек, ново срце се чека осум месеци. На приоритетна листа на чекање се сите пациенти со вентрикуларна пумпа наместо срцева комора, а такви се 24-ца. Јакуб е единствен во светот кој ги нема двете комори а сепак е жив.

Tags: , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1