Петте „мумии“ што ќе стојат на мостот „Око“ (Фото)


Пет скулптури наменети за поставување на мостот „Око“ се уште се наоѓаат во депото на МЗТ Скопје во фаза на „мумии“. Комисијата утврдила дека без одобрение од општина Центар се поставени 12 скулптури.

Spomenici (1)Тоа се скулптурите на кралевите Каран, Пердика Први, Архелај Први, Александар Први Филхелен, Аминта Трети, царевите Гаврил Радомир, Иван Владислав и Стефан Душан, пајонската свештеничка, владетелите Добромир Хрс и Јован Углеша и генералот Парменион.

Раководителот на секторот за инспекциски работи при општина Центар, Кочо Стојчевски, рече дека ќе се постапи согласно законот и 12-те нелегално поставени скулптури ќе се отстранат. Петте непоставени, ако се според законот ќе се најдат на соодветното место.

Раководителот на одделот за внатрешна ревизија при општина Центар, Марија Гоцева, рече дека во зависност од тоа дали има и други незаконски поставени скулптури соодветно се реагира.

Plus Info

Spomenici (5)

Spomenici (11)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1